Од денеска до 7 јули ќе ечат гајдата, тапанот, кавалот, кемането и ќе се слушне повторно „Отидов во село Долнени“. Ќе почне фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. На фестивалот ќе учествуваат 250 инструменталисти и фолклористи од земјата и странство. Оваа година, покрај учесници од земјата, има и претставници од Бугарија, Србија, Словенија. Фестивалот е со исклучително значење за македонската култура и традиција.
Програмата почнува денеска во 18 часот кога ќе се одржи промоција на книгата „Македонското традиционално народно пеење – хрестоматија со мелопоетска анализа“ од доктор Родна Величковска. Отворањето е во 20 часот на летната сцена „Александрија“ во Прилеп.
Натпреварувачкиот дел завршува в недела кога ќе бидат доделени традиционалните признанија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.