Евро Заев продолжува да ја лаже јавноста, и не само што лаже туку суши лаже. СДСМ и Евро Заев од институцијата Влада на Република Македонија прават свој партиски штаб и вршат свесна манипулација, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.
Од партијата велат дека на овој начин Евро Заев сака да го сокрие осиромашувањето на граѓаните и колективната кражба што ја прави на државата и преку излитени и невистинити тези и тешки лаги врши злоупотреба на информациите.
-Вистината е дека не се констатира ништо поинаку и поразлично од тоа што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, претходно го соопшти на јавноста и во ТВ дуелот, и од тоа што самата влада го објави претходно, јавно на својата веб страница, а од каде може да се види дека има два договори од кој првиот неколку месечен кој се извршува за надомест со коефициент 1.8 и вториот кој се извршува про боно односно ангажманот е бесплатен, нешто што беше и коментирано од самиот Мицкоски во ТВ дуелот, а владата свесно претходно лажеше дека се работело за договор без информации за сумата, подмолно имплицирајќи дека се работи за некаков вртоглав износ, нешто што воопшто не е така, се наведува во соопштението.
Бидејќи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, за разлика од СДСМ која се служи со подмолни и неточни информации нема што да крие, двата договори од неговиот ангажман ги доставува на увид на јавноста. Очигледно дека нервозата во СДСМ и Владата на Евро Заев е огромна. Ниту една лага од Заев пласирана за Мицкоски нема да ја сокрие вистината дека картелот на власт ја разграбува државата на дневна основа, а народот не живее подобро. Соголената вистина е дека ако не се занимаваше денес јавноста со вакви манипулации, ќе требаше владата и Заев да одговорат што е со големите лаги и неисполнетите ветувања за 500 евра плата, за уништеното здравство, за фијаското во образованието, за измамените земјоделци и пензионери. Владата која го ангажираше командантот Хоџа за советник, и која во советничките редови има лица со тешки кривична дела нема кредибилитет да говори на оваа тема, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Евро Заев освен што лаже, единствено што продолжува да ниже се порази и неуспеси за државата на дневна основа. Брзо доаѓа денот кога Македонија ќе победи, а Заев и раководството на СДСМ ќе бидат на темната страна на историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.