| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас: Македонската црква ќе биде признаена под името Охридска архиепископија

Вселенската партијаршија преговара за признавање на МПЦ под името Охридска архиепископија, изјавил грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

– Преименувањето на Македонската православна црква во Охридска архиепископија треба да биде поздравено. Луѓето во Скопје треба да бидат наградени за храбороста да се вратат кон традиционалното, непровокативно име – изјави Коѕијас.

Тој истакнал и дека Грчката црква не треба да се меша во ова зашто тоа не е нејзина работа.

– Дали ќе биде признаена афтокефалноста или нешто друго, тоа не е тема за Светиот синод на ГПЦ“, рекол Коѕијас додавајќи дека преговорите меѓу МПЦ и Вселенската патријаршија се водат една година наназад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top