Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и Македонската опера и балет организираат гала концертот во чест на одбележувањето на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Франција и Македонија, којшто ќе се одржи во вторник, 12 јуни 2018, во 20 часот, во Македонската опера и балет.
На концертот ќе настапат двајца реномирани франкофонски солисти: Елена Голомеова, сопран (Франција, Македонија) и Жак-Грег Белобо, бас баритон (Камерун, Франција).
Со оркестарот на Македонската опера и балет ќе диригира маестро Иван Еминовиќ, а програмата ќе се состои од познатии арии на француски композитори.
Со свечени говори концертот ќе го отворат: г-дин Никола Димитров, Министер за надворешни работи на Македонија, и Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на Франција во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.