Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во вечерашното интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, изрази убеденост и надеж дека во наредните денови може да дојде до решение на прашањето за името, пренесува Независен.мк.
На прашањето зошто и натаму се одложува телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија, Зоран Заев и на Грција, Алексис Ципрас, Коѕијас изјави дека по рамката за договор што беше утврдена на неговите средби со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров во Њујорк и Брисел, сега дојде време да се каже големото „да“ или големото „не“.
– Очигледно владата на соседната земја се соочи со некои тешкотии и размислува за некои ревизии на договорот, но верувам и се надевам дека за неколку дена сѐ ќе се надмине – рече Коѕијас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни
-
Нова демократија бара владата да ја објави оставката на Коѕијас
-
Со офајдил ли некој и во Македонија од грчките тајни фондови?
-
Коѕијас со остри пораки од Луксембург: Скопје мора да го ратификува договорот за промена на името, инаку решение нема!