| четврток, 6 декември 2018 |

По 7.600 денари за сите невработени кои ги исполнуваат овие услови

На 20.09.2017 година во сила стапи Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата со кој околу 3.000 лица ќе добиваат по 7.600 денари месечно.

Според постојното законско решение, невработено лице може да се стекне со правото на паричен надоместок доколку ги исполнува следните услови:

Било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци;
Му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата, по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок;
На денот на влегување во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж);

Работниот однос му престанал заклучно со 31 декември 2016 година;
Остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995 година и кое по остварувањето на правото на паричен надоместок не било вработено на неопределено време, односно работниот однос не му престанал по негова волја или вина.
Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да поднесат лично барање до надлежните центри за вработување каде што се евидентирани, а рокот за поднесување истекува на 19.09.2018 година.

При поднесување на барањето, заинтересираните лица треба да поднесат единствено лична карта на увид, без дополнителна документација. АВРМ ќе ги прибавува сите потребни документи по службена должност од надлежните институции.

 

извор: skopje24.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top