| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонските острови Такешима, Иоџима и Курошима нудат парична поддршка за странци кои би ги населиле

Локалните власти во префектурата Кагошима, во Јапонија објавија дека поради желбата да ја зголемат популацијата и да започнат нов животен циклус на островите Такешима, Иоџима и Курошима, на странците им нудат навистина примамливи услови ако решат да ги спакуваат куферите и да се доселат токму на тие простори.

Еве кои сè права може да ги остварите:

-Ќе добиете еднократно 47.300 денари за патните трошоци.

-Три години по ред ќе добивате пари за изнајмување на куќа – 41.000 денари ако живеете сами, 47.300 ако се доселите со партнер, плус 9.000 денари за секое дете во семејството.

– Теле на подарок, кое може да го замените за 240.900 денари.

– 47.300 денари за прво дете, 89.700 денари за второ дете, 138.400 денари за трето дете, 187.600 денари за четврто…

– Финансиска помош за образување на децата.

– Финансиска помош за започнување со работа, а се нудат како опции – земјоделство, одгледување на говеда, шумарство и риболов.

– Делумно платени трошоци за излегувања ако сте самец и сте сè уште во потрага по својата сродна душа.

ponuda-zivot-vo-japonija-ostrovi-06

Исто така, вреди да се напомене дека и властите максимално ги спуштиле цените за наем на куќи на отприлика 8.200 денари, само што мора да исполните два услова, за тие да ви излезат во пресрет.

Првиот услов е дека не смее да бидете повозрасни од 55 години, а вториот дека островот не смее да го користите како одморалиште, туку дека сепак ќе мора да прифатите еден од понудените работни ангажмани.

Сето ова звучи навистина одлично, освен ако немате проблем со вулкани, а токму во провинцијата Кјушу се наоѓа вукланот Асо (1.592 метра), најактивен во Јапонија. Сепак, треба да се потенцира и тоа дека, на Кјушу сè до својата смрт живееле Камато Хонго (116) и Јукичи Чуганџи (114), донеодамна најдолговечни забележани луѓе на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top