| четврток, 6 декември 2018 |

Во Демир Капија од волци настрадаа дваесеттина овци и јагниња

Дваесетина овци и јагниња изминатата ноќ настрадале од волци во трло во селото Бистренци во општина Демир Капија. На терен излегол инспекторот по ветеринарство Илија Ѓелов кој со записник ја утврдил фактичката состојба на лице место. ­

-Околу 7 часот бевме како служба известени за случајот со стадото кое било нападнато од волци. Kонстатиравме 13 мртви животни, девет овци и четири јагниња. Четири овци и едно јагне се во тешка состојба, но ветеринарен лекар по соодветниот преглед утврди дека тие не можат да се излекуваат, изјави инспекторот. Мртвите животни, согласно на законот, ќе бидат прописно отстранети, кажа тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top