Британија побара македонско семе од црн бор, познат по тоа што е отпорен на болести, за да се подобри генетиката на нивниот бор. Помошта е побарана за време на посетата на македонскиот ресорен минстер во Лондон. Министерот за земјоделство Љупчо Димовски на билатералната средба со својот колега Дејвид Хит посочи дека нашите врати се отворени за инвестиции во производството или во откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи за да ги пласираат на британскиот пазар.
Македонија ги повика бизнисмените од Обединетото Кралство да инвестираат во Македонија поради поволните услови што ги нуди, особено во земјоделството.
– Климатско-почвените услови овзможуваат производство на квалитетни земјоделски производи со карактеристична арома, боја и вкус. Поради тоа, и со заложбата на Владата, која спроведува стимулативни мерки, изминатите неколку години се удвои извозот на македонски земјоделски производи, кои, главно, ги извезуваме на пазарите на Европската унија. Високиот квалитет на нашите земјоделски производи се надеваме дека ќе овозможи да бидеме поприсутни и на британскиот пазар – истакна Димовски.
Како што информира министерот Хит, постои интерес на британски производители за влез на македонскиот пазар, а британскиот пазар е отворен за македонското вино. Затоа, подвлече, треба да се работи на зголемување на меѓусебната трговска соработка. Хит понуди поддршка за подобрување на квалитетот и безбедноста на храната, како и подобрување на агротехнолошките мерки за зголемување на производството по единица површина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Големото предизборно ветување на СДСМ, зелената нафта за земјоделците, остана неисполнето (видео)
-
Британската премиерка Тереза Меј на 18 мај доаѓа во Скопје
-
Стигна дрвото „Гинко“ што ќе стои на местото на Ќосето: Делегација од Нинберг ќе го засади на 5 мај
-
На местото на споменикот на Ќосето ќе никне дрво „за човекови права“ од видот „Гинко“


