Млад пар на хрватската плажа Зрче во петокот околу 15 часот ништо не можело да го запре во љубовниот занес.
-Плажата беше преполна со луѓе. Одеднаш сите стана и почнаа да ги вадат мобилните телефони и апарати. Момчето и девојката на жолтата патка со величина од два метра, одалечена само 50 метри од плажата, водеа љубов. Луѓето ги бодреа и им аплаудираа, а тие од тоа добија дополнителен поттик – рекол еден од очевидците.
Додава дека тоа траело околу половина час. Откако завршиле скокнале во морето да се освежат, а ветерот патката им ја однел далеку од плажата.
На крајот не им останало ништо друго освен голи да излезат до морето. Девојката на себе го имала само горниот дел од костумот за капење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.