| четврток, 6 декември 2018 |

Данев: На Македонија ѝ се потребни предвремени парламентарни избори

-ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира еден протест против погубните политики кои ги практикува оваа власт, како на економски така и на меѓународен план. Нема аспект во општественото живеење каде што оваа влада може да се пофали со некој одреден резултат- истакна координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев за МРТ пред протестот.

-Ние само веруваме на анкетата на граѓаните и на изборите и ако СДСМ верува во анкетите кои скоро беа објавени нека повелат на избори. Граѓаните најдобро ќе оценат и проценат на кој треба да го дадат својот глас, рече Данев и додаде:

-На Македонија ѝ се потребни предвремени парламентарни избори апро по политиките кои ги води оваа власт годинава. Нивните политики немаат апсолутно никаков резултат- рече Данев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top