| четврток, 6 декември 2018 |

Костарика несакајќи дозволи геј бракови

gaybrak_05072013_shutterВо понеделникот Костарика, барем за момент, се приклучи на земјите што законски го дозволија истополовиот брак. Тамошните законодавци го прифатиле предлог законт а подоцна сфатиле дека текстот во еден дел се однесува на геј браковите. Па така, несакајќи ги одобриле геј браковите.

Конзервативците веднаш реагирале и побарале од претседателот да стави вето. Хозе Мариа Вилалта, еден од авторите на предлгот, вза време на склопување на законот за склопување на граѓански бракови, уфрлил и дел за забрана на дискриминацијата. Иако конзервативните политичари едногласно го осудиле овој обид за легализација на геј браковите, авторот тврди дека за време на првата расправа било дадено до знаење дека овој закон се однесува и на геј паровите, но никој од присутните не вложил жалба.

Во случај претседателот да не стави вето, законот би можел да помине, а и да не се случи тоа, либералите ќе имаат повторно повод за покренување на расправа за правата на геј паровите во државата во која најголем број од жителите се против таквите бракови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top