| четврток, 6 декември 2018 |

Мареј ќе го предизвика Ѓоковиќ во Мелбурн

Во полуфиналето што траеше безмалку четири часа Мареј го победи Федерер со 3-2

Шкотскиот тенисер Анди Мареј по една година пауза се враќа во финалето на првиот сезонски тениски Гренд Слем за да му се споротивстави на Новак Ѓоковиќ. Тие двајца играа во завршницата во Мелбурн пред две години и Ѓоковиќ победи со 3-0 за втор врзан пораз на британецот на Род Лејвер арена, по тој од Федерер во 2010.година.

Мареј денеска во Мелбурн парк му се реваншира на Швајцарецот во извонредно неизвесен меч кој по 4 часа игра заврши со 3-2(6-4, 6-7, 6-3, 6-7, 6-2) и во кој Мареј постојано водеше, диктираше и во ниту еден миг не беше во негатива. Со првиот меѓусебен меч во кој играле во пет сета, Мареј го доби 11 дуел против големиот Федерер кој остана на 9 триумфи во 20. меча.

Се ми оди и добро влијае на мојата самодоверба и особено беше присутно во играта во овој меч. Вимблдон, злато на ОИ и сега финале на Австралија Опен. Беше тешко во четвртиот сет бидејќи имав гем предност и го загубив, но брзо се вратив во последниот решавачки сет-рече веднаш по мечот Мареј на централниот терен во Мелбурн.

Мареј и Ѓоковиќ во финалето на машкиот дел од 101 издание на Гренд Слемот ќе се сретнат в недела наутро. Во меѓусебните средби и 10-7 за Ѓоковиќ кој имаше повеќе успех и лани со билансот 4-3.

Ден предходно, значи в сабота наутро во женската завршница играа Викторија Азаренка и На Ли,

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top