| четврток, 6 декември 2018 |

Лисицки и Бартоли за прва титула на Вимблдон

Германката Сабине Лисицки и Мерион Бартоли од Франција ќе играат во финалето на Вимблдон, а и двете тенисерки ќе се обидат да го освојат првиот трофеј на гранслем турнирите.

Изненадувачки, во завршниот меч во сабота, на Централниот терен ќе играат 15. носителка Бартоли и 23. фаворитка Лисицки.

Мерион, убедливо со 6-1, 6-2 ја декласира Кирстен Флипкенс, во полуфинале што траеше 63 минути, а многу подолго на теренот останаа Лисицки и Агнешка Радванска. Се играа три сета, а Германката имаше и негатива од 0-3 во решавачкиот период, но со пресврт славеше со 6-4, 2-6, 9-7. За неа финалето е прво на Вимблдон и на гранслем турнирите, а за Бартоли е второ во Лондон и воопшто на еден од четирите најценети светски турнири.

Во 2007 година таа загуби од Венус Вилијамс со 0-2 во сетови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top