Изборите во Турција несомнено ќе завршат во првиот круг, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
-Нема никаков проблем во однос на поддршката која ја уживаме според анкетите за јавно мислење. Јасно е дека изборите ќе завршат во првиот круг, изјави синоќа Ердоган во интервју за турската телевизија Стар.
Турскиот претседател, исто така, рече дека народот на Турција му е верен и дека тој има „значителна предност што не може да се спореди со поддршката за другите партии”.
-Бројот на пратениците од владејачката Партија на правдата и развојот во Парламентот треба да биде над 300, рече шефот на државата.
Ердоган е претседател на Турција од 2014 година. Од 2003 до 2014 година беше нејзин премиер. На 24 јуни, во Турција ќе се организираат предвремени претседателски и парламентарни избори.
извор: novatv.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.