Во следните денови територијата на нашата држава ќе биде под влијание на Африкански бран кој ќе условува многу високи температури на воздухот како и екстремно висок УВ индекс кој ќе има коефициент некаде од 10 до 11, информира Метеомакс.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност во текот на претпладневните часови додека поради многу загреаната атмосфера и многу топлото време како и поради екстремно високиот УВ индекс во попладневните и во вечерните часови ќе има локално дестабилизирање на атмосферата и расвој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално во ваква ситуација процесите може да бидат интензивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Температурите на воздухот полека но сигурно се се поблиску до 40°C па така во следните денови истите ќе се искачуваат некаде во интервалот од 27 до 34 – 35 степени.
Според моменталните анализи уште потопло би било некаде кон 10 јуни кога во најтоплите региони температурите на воздухот би се искачувале некаде до околу 37 – 38 степени.
Сепак и покрај најавениот африкански бран треба да се напомене дека во следните денови во попладневните часови и навечер ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можна е и локална појава на невреме со град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Подгответе се: Од невообичаени високи температури и сонце одиме на 0 степени
-
Вистинско лето во октомври: Детална временска прогноза за цела недела
-
Температурата и наредниов период ќе биде под просекот за овој период од годината
-
Повеќе дожд и без пеколни температури – еве какво лето не чека оваа година!