| четврток, 6 декември 2018 |

Европарламентот ќе го истражува скандалот „Кембриџ аналитика“

Европскиот парламент од следната недела ќе започне со сослушувања на клучни актери во скандалот „Кембриџ аналитика“, прв сведок ќе биде „свиркачот“ кој го откри случајот.
На 4 јуни Европскиот парламент ќе ги сослуша и новинарот и „свиркачот“, кои го обелоденија овој скандал. „Кембриџ аналитика“ преку Фејсбук на нелегален начин ги користел личните податоци на корисниците на социјалната мрежа во политички цели и без нивно знаење.
Марк Закерберг сведочеше пред Европскиот парламент на 22 мај годинава, но сослушувањето беше оценето како фијаско поради недоволно прецизни одговори на шефот на Фејсбук.
Под притисок на неколку политички групи во ЕП договорено е од следната недела да има серија нови сослушувања на оваа тема пред Комисијата за граѓански слободи и правда.
– Информациите на сведоците ќе ни помогнат да ја дознаеме суштината на ово случај и да видиме какви акции треба да се преземат за да не се повтори никогаш. По сослушувањата ќе го притиснеме Марк Закерберг повторно да сведочи и да одговори на нашите прашања. Фејсбук и социјалните мрежи имаат моќна позиција во процесот на креирање на јавното мислење, мораме да се осигураме дека тоа не се злоупотребува – изјави потпретседателот на социјал-демократската група во ЕП, Јосеф Вајденхолцер.
„Кембриџ аналитика“ злоупотреби лични податоци на над два милиона европски корисници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top