Компанијата ,,Кембриџ аналитикс “ е затворена по скандалот со преземањето податоци од над 87 милиони
корисници на Фејсбук
Компанијата беше осомничена дека без дозвола на корисниците , ги преземала личните податоци од Фејсбук за да бидат употребени во политички цели . Од Фејсбук велат дека гипреземаат сите потребни мерки за да ги заштитат податоците на нивните над 2 милијарди корисници.
Портпаролот на ,,Кембриџ аналитика “, Кларенс Мичел во денешната изјава вели дека вработените во компанијата работеле законски и постапувале лојално, но под притисок на медиумите нивните клиенти и снабдувачите ја напуштиле компанијата, по што станало неможно таа да опстане.
Банкрот прогласи и сестринската компанија ,,СЦЛ Елекшнс”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.