Покрај претседателот Мухамед Морси, уапсени се уште 300 члена на Муслиманското братство и неколку високи функционери, меѓу кои и нивниот водач Мухамед Бади. Морси е во домашен притвор во зградата на разузнавачката служба, а по испрашувањето треба да биде префрлен во затворот „Тарда“, во предградието на Каиро каде што се сместени и неговиот претходник Хосни Мубарак и неговите два сина.
Странските медиуми пишуваат дека Морси пред апсењето добил понуда да емигрира во Јемен, Катар или во Турција, но тој ги одбил предлозите тврдејќи дека според уставот тој е единствениот легален претседател на Египет.
Безбедносните служби ги затворија сите телевизиски станици на муслиманските браќа, а новинарите и уредниците се уапсени поради повиците за џихад и давање отпор. Уставниот суд, пак, ќе покрене иницијатива за забрана на работењето на политичката организација Муслимански браќа поради терористичко дејствување, а нејзиниот претседател Мухамед Морси ќе биде обвинет за убиство на повеќе од 100 демонстранти. Ќе биде обвинет и за бегство од затвор со помош на терористичка група за време на бунтот против Мубарак кога беа убиени десетина чувари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.