Скопје ќе биде дел од најголемата Македонско-Бугарска фестивалска турнеја #OneLoveTour, настанот ќе почне со концерт на 16 јуни во Градскиот парк во Скопје, најавија Иноватива Груп и Mejdina Stancia.
ЕДНА ЉУБОВ преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации! Во Скопје ќе настапат: Златно Славејче, Љубојна, Ансамбл Булгаре, Деси Добрева, Сашко Коцев, Фолтин, Графа, Next Time и Слаткаристика. Влезот е слободен!
-Големото отворање на второто издание на фестивалот започнува во Скопје. Целодневна презентација на најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија. Настани, поделени по нивниот стил, насочени кон различни профили – семејства со деца, активни млади луѓе и софистицирани возрасни групи, рекоа на прес конференцијата организаторите.
Во Софија, вчера на заедничката прес-конференција присуствуваа Некст тајм, Слаткаристика и Сања Николиќ, а од страна на домаќините беа присутни Графа, Васил Најденов, како и ѕвездите на шоуто „Фарма“ кое е мошне популарно во Бугарија.
Најавено е присуството и на Премиерот Зоран Заев и министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева.
Фестивалската програма ќе трае се до октомври годинава, а македонските и бугарските музичари, ќе настапуваат покрај во Скопје, во Софија на 30 јуни, Банско на 21 јули, во Варна на 27 јули, Струмица на 11 август, Кавадарци на 7 септември, Русе на 8 септември и за крај во Стара Загора на 5 октомври. На дел од концертитте ќе настапи и Влатко Стефановски, кој заедно со Теодосиј Спасов ќе настапи и во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.