Животот на поп ѕвездата Наташа Беквалац дефинитивно може да послужи како сценарио за филм!Имено, откако ја однела ќерката Катја во Центарот за социјална работа, каде нејзиниот поранешен сопруг Лука Лазукиќ требал да го види бебето, пејачката доживеала вистинска драма.
Додека на паркингот чекала да ја превземе Катја, другар на Лука, извесен Ж.И. според зборовите на Наташа вербално ја нападнал, а потоа и се заканил. Пејачката после тоа видно вознемирена ја превзела ќерката, а потоа во друштво на адвокатите отишла во полициската станица на Савски венец, каде го пријавила случајот.
Била видно вознемирена и на ивица на солзи. Раскажала дека се плаши за себе и животот на своето семејство, а тогаш открила и што се случило пред да ја превземе ќерката.
Како што раскажала во полиција, се одело по договор до моментот кога дошла во ЦСР да го предаде бебето. Излегла надвор, каде ја чекала другарка, која инаку ги довезла неа и Катја, а потоа тие решиле да го убијат времето и да се повозат низ градот.
Кога поминало времето предвидено за гледањето на Лука со бебето, другарката ја довезла назад, а тогаш се случила вистинска драма.
Откако го паркирале автомобилот и излегле од него, Наташа го здогледала човекот кој го познава од порано како пријател на Лука од Република Српска, а кој се вика Ж.И.
Тој тогаш погледнал во нивен правец и и рекол на Наташа: Ќе те е*еме, држејќи ја раката на колкот и заканувајќи се со прст. На неа не и било добро и побрзала да ја превземе Катја.
Ж.И. пред една година живеел во викендицата на Наташа во Ченеј, бидејќи Лука и рекол дека Ж.И. е негов другар, дека нема каде, но упорно избегнувал да и каже нешто повеќе за него. Таа подоцна дознала дека тој веќе бил во затвро, поради оружен грабеж.
Од друга старана интерсен е фактот дека поп ѕвездата пред Центарот за социјална работа го видела својот автомобил „мини морис“, кој Лазукиќ и го земал.
Наташа раскажала дека претпоставува дека автомобилот, кој како што рекла, Лука и го одзел на измама, очигледно го возел Ж.И, со оглед на тоа дека Лука пристигнал со мотор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кога ќе го слушнам зборот мажење, се вртам да видам кој ме бара: Беквалац скокна како попарена!
-
Наташа Беквалац имала сообраќајка, во автомобилот било и бебето!
-
Веќе не плачам, јас своите солзи ги исплакав: Наташа Беквалац проговори за тешкиот период!
-
На Наташа ѝ се заканувал другар на Лука, судирот го спречила полицијата: За малку избегната драма пред Центарот за социјална работа!