Уругваецот Фабио О Нил, поранешен играч на Каљари, Јувентус и на Перуџа, излезе со признание дека наместил два натпревара во Италијанското фудбалско првенство.
– Како играч на Каљари го наместив натпреварот со Киево. На двете екипи одговараше нерешен резултат во борбата за опстанок. Договорив со нивниот капитен да одиграме без победник, а за опстанок во лигата имавме и премија од раководството. Дури вложивме и пари на нерешено и во обложувалниците – изјави поранешниот уругвајскиот интернационалец за еден портал во својата земја. О Нил изнесе и детали околу местењето на овој дуел.
– Во 87. минута постигнавме гол за водство од 2:1. Стрелец на голот беше Диего Лопез. Тогаш отидов до него и му реков: „Како знаеш, да ја исправиш грешката затоа што ако не примиме, гол ќе бидеме распнати. И до крајот примивме гол – заврши поранешниот играч на Каљари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.