| четврток, 6 декември 2018 |

Не чувствувам вина, луѓето прават што сакаат – Хопкинс го појасни односот со ќерката

Само неколку дена откако изјави дека не го интересира дали станал дедо или не, познатиот британски актер, сер Ентони Хопкинс појасни зошто не го интересира животот на својата ќерка, со која не комуницира повеќе од 20 години.

Признавајќи дека нема никаков однос со ќерката Ебигејл, која има 48 години, Хопкинс вели дека тоа не бил негов избор, туку нејзин.

Тој вели дека не е ладен, како што многумина го оценија по минатата изјава, туку оти не може да губи време размислувајќи за тоа.

-Тоа беше нејзин избор. Јас не бев ладен. Го направи тоа најдобро што можев. Ако некој не сака да биде дел од мојот живот, во ред. Прави што сакаш. И посакувам се најдобро, но не сакам да зборувам со мојата ќерка. Тие работи се готови- рече Хопкинс, додавајќи дека не чувствува вина.

Вели дека луѓето прават што сакаат.

-Не го разбирам тоа и не допира до мене. Не можам да го губам своето време размислувајќи за тоа. Не сум ладен, само мислам дека е така, истакнува Хопкинс.

Абигејл е ќерка од неговиот прв брак со актерката Петронел Баркер, од која се разведе кога таа имаше само 14 месеци. Со години не разговараа, но во деведесеттите повторно се зближија, но тоа не траеше.

Абигејл живее во Лондон и се занимава со музика и глума, додека Хопкинс живее во Лос Анџелес со третата сопруга Стела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top