| четврток, 6 декември 2018 |

Славниот актер 20 години не комуницира со единствената ќерка: Не знам дали сум дедо, а и не ми е гајле!

Популарниот актер Ентони Хопкинс реши да проговори за односот со наследничката со која не разговара цела деценија.

Неговите изјави растажија многумина, а фановите на Ентони останаа затечени со животната приказна на холивудската ѕвезда.

Хопкинс, Абејл ја добил со првата сопруга, колешката Петронела Баркер. Таа му е единствено дете, а го отфрлила неговото презиме како би имала кариера под свои услови.

Актерот признал дека морал да пронајде начин да продолжи со животот.

-Луѓето прекинуваат. Семејствата се разделуваат и знаете, продолжувате со својот живот. Луѓето донесуваат одлука. Не се грижам за тоа. Ладно е, ама животот е ладен – рекол тој во едно интервју.

Хопкинс се развел од мајката на Абејл кога неговата  наследничка имала 4 години, а после тоа активно веќе не ни учествувал во нејзиното растење.

Ентони јавно рекол дека не ни неопходно да биде во добри односи со ќерката.

-Како што во Шекспировата трагедија на децата не им се допаѓаат татковците, не мора ни ние да се сакаме еден со друг-рекол актерот.

Хопкинс растажи многумина со изјавата дека не ни знае каде живее неговата ќерка и дали во меѓувреме станал дедо.

-Не знам ни дали сум дедо, а и не ми е грижа-рекол Хопкинс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top