Мохамед ел Барадеј, поранешен шеф на Меѓународната агенција на ОН за нуклеарна енергија, е фаворит во изборот на лидер на преодната египетска влада, тврдат египетски воени и дипломатски извори. Ел Барадеј (71) мандатот го добил од сојузот на либерални и левичарски партии, Националниот фронт за спас како и од младински групи кои организираа протести против досегашниот претседател Мохамед Морси. Ел Барадеј беше присутен кога во средата командантот на оружените сили објави дека армијата го разрешиле од власт Морси.
Во меѓувреме, смениот египетски претседател Мохамед Морси во соопштението до своите следбеници и до светската јавност, вели дека во Египет е извршен воен удар, а не смена на власта. Тој ги повика своите приврзаници од Муслиманското братство и оние кои гласале за него и ја поддржуваат неговата политика да го бранат неговиот легитимитет како избран претседател.
Морси инсистира дека само тој може да биде претседател на државата и ги повика земјите во светот да не ја прифаќаат и поддржуваат новата власт, што ја постави армијата по вчерашниот удар. Претставник на египетската армија потврди дека Морси е задржан во објект на војската, но не даде други детали.
Активисти на Братството изјавија дека почнала пресметка на војската со нивните функционери и активисти. Војската веќе ја забрани работата на три каирски телевизиски станици кои се блиски до исламистичкото движење и издаде налог за апсење на над 300 влијателни функционери и активисти на Муслиманско братство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.