| четврток, 6 декември 2018 |

Срцето да препукне: Марина инсистира ова да и го подари на Анастасија, иако Цеца е против

Наследничката на Цеца Ражнатовиќ отсекогаш имала голема желба првата нумера да и ја направи долгогодишната пријателка на мајка и, Марина Туцаковиќ, но во последно време почнала да се откажува од таа идеја, бидејќи Марина е тешко болна.

Анастасија не сакала да ја оптоварува и заморува сега кога е најважно оваа позната авторка да го победи ракот на дојката.

-Анастасија со Цеца со месеци бара песна која би ја снимила. Од мала сонувала првата нумера да и ја направи Марина, но поради нејзината болест сакала да даде шанса на други автори. Преслушала со мајка и на десетина песни, но ниту една не и се допаднала. Сосема се замори. Понекогаш е многу тажна, бидејќи сега едвај чека да објави сингл-рекол извор близок на Ражнатовиќ.

Тој додава дека Цеца сакала да и ја исполни желбата, но не сакала да ја деранжира Марина.

-Цеца ја сака Марина како мајка и никогаш не би ја оптоварила со работа сега кога се бори за живот. Меѓутоа, други автори чии текстови Анастасија читала и пренеле на Марина колку е тажна Анастасија. Веднаш ја повикала Цеца и и рекла дека ќе даде се од себе да напише една убава, модерна песна. Цеца се противела бидејќи знае каква е здравствената состојба, но Марина и објаснила дека нема да и биде напор, бидејќи нејзината ќерка ја познава уште кога била во пелени-објаснува нејзиниот соговорник.

Според неговите тврдења, Цеца долго време не се согласувала на тоа, но Марина и обајаснила дека и годи кога пишува.

-Рекла дека има инспирација, дека така се опушта и заборава на своите маки и дека ќе и биде задоволство-додал изворот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top