36-годишната Џансу Дере пред четири години доживеа голем емотивен пораз. Тогашното момче Џем Јилмаз (43) се ожени со нејзината најдобра пријателка.
Раскинувањето на актерката и донесе депресија, а тогашниот партнер неодамна побара втора шанса од популарната Ејшан или Сила во истоимената серија која во моментов се емитува на ТВ Сител.
Актерката која на домашната публика и е позната по сериите „Езел“, „Сила“ и „Величествениот“, не можеше да им верува на своите очи кога на вратата го виде поранешното момче со букет ружи во рацете. Како што рекоа нејзините пријатели, плачел како дете и ја проколнувам Џансу да му се врати.
Но се беше залудно. Актерката не можеше да му го прости неверството со кое Џем ја прекина нивната седумгодишна врска. Познатиот турски комичар направи голема грешка кога симпатичната Џансу ја измами со Аху Јагту (38).
Џем се ожени со Аху, го доби синот Кемал, но по тригодишен брак реши да се разведе од неа.
-Плачев поради Џем. Не издаде и ме повреди како никој во животот. Ништо не можеше да ме развесели. Пријателите се трудеа околу мене, но јас тонев се подлабоко и подлабоко. Затоа денеска попрво сум сама отколку со некој кој не ме заслужува, рече таа.
Џансу и Аху пријателстовото го започнаа работејќи како манекенки и со време станаа најдобри пријателки. Беа во одлични односи додека Аху не ја почна врската со Џем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.