Неколку ијлади симпатизери и приврзаници на албанската опозиција се собра денеска на антивладини протести во Тирана, од кои се побрани оставки на албанскиот премиер Еди Рама и на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај.
Демонстрантите, предводни од лидерот на најголемата опозициска сила во Албанија, Демократската партија, Љуљзим Баша. дефилираа по „Булеварот на мачениците“, скандирајќи „Рама оди си“.
Учесниците на протестите носеа транспаренти со антивладини пораки и знамиња на Албанија и ЕУ, а додека минуваа пред Владата и Министерството за внатрешни работи, дел од демонстрантите маваа со камења и други предмети кон зградите.
Опозицијата го обвинува премиерот Рама за поврзаност со организираниот криминал, а министерот Џафај дека ги прикривал криминалните активности на неговиот брат Агрон, кој во Италија уште во 2002 година е осуден за шверц на дрога. По притисокот од јавност, минатата недела Агрон Џафај замина во Италија, каде им се предаде на властите за да ја отслужи казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.