Откако ФИФА ја објави паричната казна од по 10 илјади франци за репрезентативците на Швајцарија, Гранит Џака и Џердан Шакири, кои по постигнатите голови против Србија, славеа со создавање на двоглавиот орел со рацете, албанскиот премиер Еди Рама отвори специјални жиро-сметки на кои секој може да уплаќа донации со кои би се платила казната.
Премиерот на Албанија на својот фејсбук профил нагласува дека донациите се одвиваат под слоганот „Не плашете се од орелот“, а средства може да се уплаќаат во албански леки и евра.
-Знакот на орелот е наш знак на распознавање при веселби- се наведува меѓу другото во пораката на Рама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.