Сите грчки медиуми денеска без коментар ја пренесуваат информацијата од македонските медиуми за писмото што македонскиот премиер Никола Груевски му го испрати на неговиот грчки колега Андонис Самарас.
„Груевски му испрати писмо на Самарас за прашањето за името“ е најчестиот наслов на написите во кои речиси во целост се пренесуваат информациите објавени во македонските медиуми#, јави дописникот на МИА од Атина.
Само „Етнос“, кој претходно ги објавува сите детали, коментира дека се работи за „комуникациска игра“ со што очигледно го предупредува Самарас да внимава што ќе одговори за да може Атина повторно да ги обвини македонските власти за непопустливост и неконструктивност.
Телевизијата „Скај“ информира дека Груевски предлага формирање тимови, на чело со самите премиери, кои под покровителство на медијаторот Нимиц целосно би се посветиле на nаоѓање решение за спорот за името.
Под наслов „Груевски бара состанок со Самарас“, „Елефтеротипија“ подвлекува дека македонскиот премиер во писмото истакнал дека двете земји ќе имаат полза од решавање на спорот за името, а решението засега не е повидок затоа што преговорите не напредуваат како што би требало.
„Нафтемборики“ во својот текст истакнува дека Груевски го повикал Самарас да ги поддржи пристапните преговори меѓу Македонија и ЕУ, што ќе придонесе за подобра иднина за двете земји и регионот, и ќе ја подобри климата за успешно решевање на прашањето за името.
„То вима“ додава дека токму во тој контекст, Груевски искрено сака Грција да биде влијателен партнер и поддржувач на Македонија со цел нашата земја да ги почне пристапните преговори со Унијата.
Провладиниот „Катимерини“ во својот текст потсетува дека Груевски во јули минатата година исто така му испрати писмо на Самарас со барање за средби меѓу двајцата премиери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски