
Се чини дека има пресврт во преговорите меѓу Македонија и Грција по отфрлањето од страна на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, на името „Горна Македонија“, што пак ја задоволува грчката страна. Никос Коѕиас, од своја страна рече дека името „Нова Македонија“ (Неамакедонија) не ги покрива целосно грижите на Грција. Така, името „Република Северна Македонија“ се врати на масата, што засега е најверојатното решение, според Мајкл Игнатиус и hellasjournal.com.
Сепак, според владини извори, преговорите продолжуваат врз основа на четирите имиња. Додека други извори коментираат дека најчестите имиња кои се спомнуваат се Северна и Нова Македонија, додека Вардарска Македонија го губи своето место во преговорите.
Грчката влада инсистира на ерга омнес (име за севкупна употреба) и бара да се направат потребните уставни измени. Пред тоа, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, со својата дипломатска делегација пристигна во седиштето на Обединетите нации, а по неколку минути пристигна и неговиот македонски колега, Никола Димитров, со неговата придружба.
Двајцата се упатија кон 15-тиот кат од зградата, каде што започнаа разговорите во 9:37 по локално време во Њујорк (4:37 по грчко време). Вчера, двете страни не дадода изјави задржувајќи го внимателниот став.
Во средата, на 23-ти мај, пред грчките новинари, г-дин Коѕиас ја истакна потребата Скопје да покаже прагматизам, а запрашан дали договорот ќе трае еден или два дена, тој рече „ќе видиме” .
Попладнево, грчкиот министер ќе замине за Брисел, каде што ќе се одржи Советот за надворешни работи на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“


