Рано утринава во Штип, животот го загуби 21 годишна девојка од Свети Николе, а едно лице е повредено.
Сообраќајната несреќа се случила на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип.
Според СВР Штип, несреќата се случила во 5:15 часот утрово, а двете лица се на возраст од 21 година и се од Свети Николе.
На лице место починала девојката, а момчето е во болница.Возилото било многу оштетено па за да се извадат младите истото било сечено од ТППЕ од Штип.
Фото:Тв Стар
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.