Регулаторната Комисија за енергетика пред скоро две недели стандардно ја донесе новата одлука за цените на горивата.
Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,84%.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,00%. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 2,100 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.04.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 32,137 ден/кг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.