| четврток, 6 декември 2018 |

Пропаднал во земја: Пејачот се пофалил на пријателот за летната авантура, а тогаш дознал дека таа му била ќерка

Пејачот Владо Калембер не зборува често за приватниот живот, во кој крие интересни детали кои сега реши да ги раскаже.

Во интимна исповед за храватските медиуми, Калембер зборува за своите емоции, но и некои посебно значајни животни моменти.

На прашањето, која е неговата најголема љубов, искрено одговорил:

-Нека сите и се ми простат…Тоа е мојот син-рекол Владо.

Тој прв пат проговорил и јавно раскажал една ситуација која му се случила пред неколку години, а која ја смета за најнепријатна која ја доживеал.

-Еднаш со добар познаник зборував за својата љубов од претходото лето, а всушност испадна дека тоа била неговата ќерка-открил пејачот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top