| четврток, 6 декември 2018 |

Калембер: Со Ана живееме како да сме сѐ уште во брак

vlado kal

Првпат откако Владо Калембер (61) и Ана Руцнер (31) објавија дека се разделуваат пејачот проговори за односот со наскоро и на хартија бившата сопруга. Пејачот го отворил срцето и раскажал како во нивниот однос немало сплетки и нерешени прашања, но сепак, во врската дошло до теоретски промени.

“Ние двајцата и понатаму се однесуваме како да сме во брак. Функционираме како да не ни е јасно дека се разделуваме, а истото чувство го имавме и кога се венчавме”, објаснил пејачот. Рекол дека често поради работата биле разделени, но за синот секогаш имале време.

“Ана и сега знае понекогаш да каже: “Мажу, ајде прегрни ме”. Јас никогаш своите чувства не сум сакал да ги покажувам на јавни места. Не сум ниту од оние типови кои шетаат со својата драга и се држат за раце. А, Ана знае да ми возврати: “Ајде, барем сега, по разводот””, вели Калембер.
Не толку долго откако Владо и Ана одлучија да се разделат виолончелистката е снимена во прегратка на еден од најбогатите Хрвати, Максим Моралиќ, син на Енвер Моралиќ, петрохемиски магнат и сопственик на винарницата “Кутјево”. Ана не сакаше да коментира во каква врска е со Максим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top