| четврток, 6 декември 2018 |

Бестселерот „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров ја освои Тирана (галерија)

Вчера вечер, во Центарот за дијалог на албанскиот премиер Еди Рама, беше промовирано албанското издание на македонскиот бестселер „Се гледаме на врвот“ од Коста Петров. Промоцијата на еден од најпродаваните современи македонски автори, во Тирана побуди голем интерес и беше дочекана со редици заинтересирани граѓани.


-Се гледаме на врвот е книга за сите што веруваат во себе и секојдневно работат на себе. Патувањето низ мојата животна приказна е патување полно со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. Книгата поттикнува и мотивира на активистички однос кон животот. Пресреќен сум што книгата од денес е достапна насекаде низ Албанија и се надевам дека ќе ве поттикне да ги остварите вашите соништа, рече Коста Петров на промоцијата.

Во Албанија, издавач на книгата е Ботимет Тоена.

Првото издание на „Се гледаме на врвот“ беше промовирано во јануари 2013 година и од тогаш книгата е продадена во повеќе од 12,000 примероци. Петров, покрај овој бестселер, има издадено уште три книги, „Стравот“, „Нашето последно кафе“ и „Никој не рече дека ќе биде лесно“, чиј превод на други јазици се очекува наскоро.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top