| четврток, 6 декември 2018 |

Утре почнува фестивалот „Пеце Атанасовски“

По 39-ти пат од 5 до 7 јули ќе одекнат гајдата, тапанот, кавалот, кемането, ќе се слушне традиционалната “Отидов село Долнени”. Ќе започне Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”

IMG_4932

На фестивалот ќе учествуваат 200 инструменталисти и фолклористи од земјата и странство. Оваа година, покрај учесници од земјата, има и претставници од Бугарија, Србија, Словенија.

Програмата почнува в петок во 18 часот кога ќе се одржи промоција на книгата „Македонското традиционално народно пеење хрестоматија со мелопоетска анализа“ од доктор Родна Величковска.

IMG_4993

Отворањето на фестивалот, кој е значаен за македонската култура и традиција, е во 20.00 часот на летната сцена во Прилеп.

Фестивалската програма продолжува в сабота со настап на учесници од цела Македонија и од Србија и од Бугарија. Натпреварувачкиот дел завршува в недела кога ќе бидат доделени традиционалните признанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top