Грчкиот министер за миграции Димитриос Вицас синоќа во интервју за телевизијата Скај го отфрли предлогот Република Илинденска Македонија, оценувајќи дека тој „не е толку на масата“ за преговори, објави „Дојче веле“.
Решение е можно само со географска или временска одредница, порача министерот Вицас кој е висок функционер на владејачката левичарска Сириза во Грција.
„Во суштина ова име (Илинденска, н.з.) не е толку на масата, работата е да се најде решение“, рече Вицас во интервјуто за Скај. Тој вели дека единствено добро во името Република Ининденска Македонија е што луѓето во Грција почнале да учат историја.
Како позитивен во целиот преговарачки процес, Вицас го оценува и фактот дека Македонија го прифатила принципот „ерга омнес“, односно име за севкупна употреба.
Тој вели дека ставот на грчката влада е оти конечното решение за името на соседната држава треба да содржи географска или временска одредница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.