| четврток, 6 декември 2018 |

Откажана претставата на „Скопско лето“ поради повреда на актерката

Претставата „За секого има по една“ на Театар Комедија, работена по текст на Венко Андоновски и во режија на Владлен Александров, која требаше да се одржи вечерва на „Скопско лето“, е откажана поради повреда на актерката Зорица Стојановска. Во Музејот на град Скопје, вечерва во 20.30 часот, во рамките на „Скопско лето“, ќе одржи концерт на пијанистот од Србија, Богдан Ѓорѓевиќ. На програмата се дела од Бах, Шопен и од Лист.

bogdandjordjevic

Ѓорѓевиќ е роден во 1977 година во Нови Сад, а во истиот град бил студент во првата генерација на т.н. нулта година – подготвителна класа за исклучителни таленти на тамошната Академијата за уметности во класите на професор Кемал Гекиќ и професор Јокут Михаиловиќ. Кај иститеовие професори во јуни 1995 година се запишал на редовни студии по пијано, а дипломирал 2000 година на Академијата во класата на професор Кемал Гекиќ. Специјализирал уметнички студии, а завршил и магистерски студии во класата на професорката Рита Кинка. Добитник е на втора награда на Меѓународниот натпревар „Петар Коњовиќ“ – Белград во категоријата на студенти за 1997 година. Се усовршувал и соработувал со пијанистички педагози како што се Арбо Валдма, Душан Трбојевиќ, Дубравка Јовичиќ, Александар Сердар, Владимир Ортаков, Ирина Куликова, Ирис Кобал, Ратимир Мартиновиќ. Досега има реализирано голем број аудио и видеозаписи. Како исполнител на делата за пијано од Ј. С. Бах го снимил документарниот филм „Полифонија во камен“ во продукција на ТВ Нови Сад, во режија на Милан Белегишанин. Како исполнител на делата на Лист ја снимил емисијата „Со зборови, слика и музика“ во режија на Карољ Вичек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top