Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, обвинителството не успеало да докаже дека Заев сторил кривично дело примање поткуп.
Заев претходно изјави дека не се чувствува виновен. На минатото рочиште Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев со друг став за кој е предвидена поблага казна. Toj е обвинет за ветување дека ќе прими поткуп, за што е предвидена казна од 1 до 5 години затвор, а со старото обвинение беше обвинет за примање поткуп за што најниската казна беше 5 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.