| четврток, 6 декември 2018 |

Грците конечно најдоа нафта – и спас од долговите?

jonsko more krit

Тајно енергетско богатство е откриено на четири места во Јонско Море и во морскиот регион јужно од островот Крит, пишува весникот „Етнос“.

Весникот наведува дека Министерството за животна средина на Грција ги добило резултатите од анализите на норвешката компанија ПГС, која беше задолжена да изврши истражувања за нафта и гас во различни делови на земјата.

Наоѓалишта ја откриваат мистеријата околу „црното злато“ во Јонско Море и во близина на островот Крит. Постојат индикации дека четири области се со големи енергетски можности и претставуваат значајни откритија, наведува „Етнос“.

Норвешката компанија денеска ќе им ги достави податоците од истражувањето на заинтересираните нафтени компании, а грчкото Министерство за животна средина ќе почне постапка за доделување лиценци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top