| четврток, 6 декември 2018 |

Маж си ја претепал сопругата

Средовечен маж се опијанил и ја претепал сопругата, по што таа завршила в болница.

СВР Куманово поднело кривична пријава за М.Л.(49) од Куманово за телесна повреда при семејно насилство. На 23 минатиот месец во Куманово на улица Будимир Димковски, тој, откако се опил почнал расправија со неговата сопруга Б.Л.(47), по што физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници по главата и телото, од што ѝ нанел телесни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top