Едвард Сноуден доби понуда за брак од поранешната руска шпионка Ана Чапман. Убавата агентка која беше откриеи депортирана од САД, вчера на нејзиниот Твитер напишала „Сноуден сакаш ли да се ожениш со мене, пишува ОЕ24.
„Фаталната убавица“ стана популарна по шпионска афера од 2010 година, кога заедно со уште десет други руски агенти беше протерана од Америка.
Сноуден се уште е во транзитната зона на московскиот аеродром каде чека одговор на неговите барања за азил од повеќе земји. САД бараат од Русија да им биде екстрадиран затоа што против него е поднесено обвинение за кражба и објавување на недозволени информации за националната одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.