| четврток, 6 декември 2018 |

Војската го приведе Морси, на чело на Египет назначен судија

general-sissi-al_jazeeraПоранешниот египетски претседател Мухамед Морси е приведен и утрово е префрлен во Министерството за одбрана.

Воен извор за агенцијата АФП соопшти дека војската го чува симнатиот претседател од превентивни причини. Претходно беше соопштено дека Морси се наоѓа во касарната на претседателската републиканска гарда.

Египетската војска вчера изврши воен удар во земјата откако Морси не го испочитува ултиматумот да стави ред во државата. Во судирите меѓу приврзаниците и противниците на египетскиот претседател загинаа најмалку 10 луѓе, а ранети биле повеќе од 50. Според првичните информации, инцидентите се случиле кога приврзаниците на исламистичката владејачка партија ја нападнале војската, која возвратила со оган. Веднаш по преземањето на управувањето со државата, војската го укина новиот устав, а за нов претседател го назначи претседателот на Уставниот суд, Адлија Мансур, кој денеска треба да положи заклетва. Планирани се вонредни претседателски и парламентарни избори, а ќе се формира и техничка влада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top