| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал и апсење: Синан Сакиќ е во многу тешка состојба, неговиот син приведен бидејќи сакал да го изнесе од болница

Откако вчера семејството на Синан Сакиќ доживеа вистински пекол, конечно успеа да го ослободи пејачот од болницата во која неговата сопруга тврдеше дека има ужасни услови.

Имено таа тврдеше дека пејачот бил врзуван за креветот, а пациентка во истата соба каде што е сместен пејачот умрела барајќи вода од докторите кои не сакале да и дадат, по што и се влошила состојбата.

Инаку синовите на Синан се обиделе насилно да го извадат нивниот татко од болницата, а полицијата уапсила еден од нив поради нарушување на редот и мирот во установата.

По ова српските медиуми пишуваат дека пејачот е изваден и однесен во приватна клиника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top