| четврток, 6 декември 2018 |

Јас сум виновен за се: Принцот Хари очаен, три дена пред кралската венчавка изби нов скандал!

Меган Маркл и принцот Хари ќе се венчаат во сабота 19 мај, а иако до церемонијата останаа само три дена многу детали се уште се неразјаснети.

Покрај тоа скандалите не престануваат да го потресуваат кралскиот двор, а предизвикани се од нарушените односи со семејството.

Таткото на Меган Маркл, со кој подолго време е во лоши односи и кој пред неколку дена доживеа срцев удар, рекол дека својата ќерка Меган нема да ја одведе до олтарот, како не би ја посрамотил уште повеќе. Меган го молела татко и сепак да дојде на свадбата, но тој го одбива.

Поради тоа дошло до нови проблеми на дворот, со оглед на тоа дека се шпекулира дали Меган до олтарот ќе ја испрати мајка и или принцот Чарлс.

Пријател на кралското семејство открил за британските медиуми дека принцот хари се обвинува себе си за овие проблеми и дека смета дека сите кои ќе влезат во неговиот живот мораат да платат висока цена.

Британските обложувалници понудиле и опклада на тоа кој ќе ја одведе Меган до олтарот.

Така според нив најголеми шанси Меган да ја испрати до олтарот има принцот Чарлс, на кого ставиле коефициент 2. Следи принцот Вилијам со коефициент 5, а има и такви кои се уверени дека Меган никој нема да ја испрати до олтарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top