Хари напролет за првпат ќе стане татко. Неговата сопруга Меган е во четвртиот месец од бременоста, бебето што ќе се роди ќе биде седмото во редот за британскиот престол. Сепак, се чини дека нема да ја добие титулата принц или принцеза, а и Хари не го сака тоа.
Хари и Меган според медиумите нема да бараат од кралицата да направи исклучок од правилото според кое нивното дете не може да има кралска титула. Хари сака неговото дете да порасне далеку од очите на јавноста и да има нормално детство.
Ако Хари и Меган добијат син, тој по смртта на Хари ќе ја наследи титулата војвода од Сасекс. По раѓањето ќе ја добие титулата лорд. Ако, пак, се роди девојче, таа нема да може да ја наследи титулата војвотка, а по раѓање ќе ја добие титулата леди.
Хари во неколку наврати истакна дека најголемата траума во неговиот живот била одењето зад ковчегот на неговата мајка пред милиони луѓе со само 13 години, и тој смета дека ниту едно дете во светот не треба да доживее нешто слично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Маки на кралското семејство: Меган ќе открие колкаво е богатството на Хари, ќе испливаат тајни криени со години
-
Драма на небото: Трудната Меган и принцот Хари биле во авионот кога пилотот донел итна одлука
-
Меган Маркл не ни сонувала дека ќе наиде на вакви проблеми!
-
Стрaсен бакнеж пред камерите: Меган и принцот Хари ја шокираа јавноста!