Гушкајте ги колку е можно почесто своите блиски. Ем ќе им покажете колку многу ги сакате, ем ќе го намалите крвниот притисок. Ќе го подобрите и помнењето, ако делите прегратки. Ова го покажало истражувањето кое го спровеле група австриски научници од универзитетот во Виена.
Гушкањето на саканите лица ја поттикнува хипофизата на лачење на хормонот окситоцин, поврзан со социјалното однесување и блискоста на родителите и децата или брачните партнери. Неговиот ефект е намалување на крвниот притисок, намалување на стресот и тегобите, а може дури и да го подобри помнењето, наведуваат научниците.
Но, австриските научници предупредуваат дека гушкањето на лица кои не ги познавате добро може да има спротивен ефект бидејќи го зголемува нивото на стрес и поттикнува лачење на хормонот на стрес – кортизол.
Научниците утврдиле дека нивото на окситоцин кај паровите кои се во хармонични врски како и кај жените по породувањето и за време на доењето се зголемува и со тоа јакнат врските на мајката и новороденчето.
Неврофизиологот Јурген Сандкулер вели дека „позитивните ефекти има само ако луѓето си веруваат едни на други, ако чувствата постојат обострано и ако исти сигнали меѓусебно се испраќаат“.
Поради тоа тој не предупредува против социјалното движење „бесплатно гушкање“, идеја со која на непознати лица на јавни места им се нуди гушкање, бидејќи тоа го зголемува нивото на стрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.