| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: Жените се великодушни, мажите себични

На сите ни е познат фактот дека жените се великодушни божици, кои ќе направат што било за своите пријатели, членовите на семејството или за кого било друг, но мажите едноставно, не се такви.

Новото истражување спроведено од страна на Универзитетот во Цирих ја открива причина за тоа: машкиот мозок е наклонет кон себично однесување, додека женскиот мозок е програмиран за великодушноста.

Во бројните експерименти за однесувањето, кои често вклучувале донесување одлуки за како на пример дали некој ќе подели пари или не, невролозите испитувале кои делови од мозокот се активираат кога се донесуваат несебични одлуки, во споредба со оние кои се активираат кога се носат себични одлуки.

Испитувањето, што било спроведено на 56 машки и женски испитаници, покажало дека стриатумот (центарот за награда во мозокот што лачи голема доза допамин за правилно однесување), реагира многу посилно кај жените отколку кај мажите, кога донесуваат несебични одлуки.

Со други зборови, жените се наградени за добрината, а мажите за лошото однесување, како и во вистинскиот живот.

Заинтригирани од ова откритие, научниците спровеле уште еден експеримент, за време на кој го неутрализирале стриатумот со помош на лекови кои го инхибираат лачењето на допоминот.

Тие откриле дека во тие случаи жените изненадно почнуваат да се однесуваат многу себично, а мажите стануваат великодушни.

Тоа било изненадувачко откритие, што го навело главниот истражувач Александер Сотчек да даде коментар за резултатите се покажа дека мозоците на мажите и жените исто така различно ја процесираат великодушноста и на фармаколошко ниво.

Тој истакна дека треба да се спроведат уште истражувања и оти постои потреба невролозите половите разлики сериозно да ги земат предвид.

Пред мажите буквално да го сфатат тој факт и да мислат дека добиле одврзани раце дека не може поинаку да дејствуваат, треба да земат предвид дека веројатно причините за тоа се повеќе културолошки отколку биолошки.

Сотчек наведе дека мала е веројатноста разликата меѓу машкиот и женскиот мозок да биде вродена.

Разликите меѓу половите кои ги воочивме за време на истражувањата најмногу би можеле да се препишат на различните културолошки очекувања кои се ставени пред мажите и жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top