Играниот филм „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски денеска имаше успешна проекција пред голем број странски филмски дистрибутери на Канскиот фестивал. Главните ликови во ова остварување ги толкуваат Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска додека во останатите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.
Сценариото е на режисерот Зафировски и познатиот драматург и писател Дејан Дуковски. Продукцијата е на „Ново Македонско Видео“, а најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се „Њу Момент“ и националните филмски фондови на Србија, Косово и на Црна Гора.
Се оценува дека Македонија годинава го има најплодното учество на фестивалот во Кан. Во официјалната конкуренција ќе се натпреварува копродукцијата „Дивата Круша“ на режисерот Нури Билге Џејлан, а на филмскиот маркет покрај „Ефектот на среќата“ на Зафировски ќе бидат прикажани и „Дедо и внук“ на Илија Пиперковски, како и два краткометражни филма „Една“ и „Готлиб“.
Македонија е присутна и со промотивен штанд во рамките на павилјонот на државите од Југоисточна Европа, а во изданија на списанието „Холивуд репортер“, Агенцијата за филм пласираше и промоција на земјата како дестинација за снимање филмови.
Канскиот филмски фестивал беше отворен на 8. мај со премиерата на Тодос ло Сабен на иранскиот режисер Асгар Фархади, а ќе трае до 19 мај кога ќе биде прогласен и лауреатот на највисокото признание, „Златната палма“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура